ФК Победа е фудбалски клуб од градот Прилеп кој се
натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.
Клубот е формиран во 1941 година. Најпрво подго носел името
„Гоце Делчев“ за подоцна да го промени во денешното име „Победа“. Во
поранешната СФРЈ седум пати бил првак на Македонија и тоа во сезоните: 1952/53,
1958/59, 1961/62, 1962/63, 1978/79, 1980/81 и 1985/86 со тоа освојувајќи
најмногу шампионски титули во тогашната Републичка лига. Никогаш не успеал да
влезе во најквалитетната Прва лига иако на неколку пати е на чекор од неа.
Од осамостојувањето на Македонија се натпреварувал во
најквалитетното друштво и секогаш бил на самиот врв а ги има освоено и
шампионските титули во сезоните 2003/04 и 2006/07 и пехарот во националниот Куп
во сезоната 2001/02. Домашните натпревари ги играл на градскиот стадион Гоце
Делчев во Прилеп кој има капацитет од 15.000 гледачи, а настапувал во
традиционалните црвено-бели дресови. Поради местењето натпревар со ерменски ФК
Пјуник, Победа била казнета од УЕФА и ФФМ и била остранета од Првата лига.
Клубот наследник кој ги превзема трофеите и историјата бил
основан во 2010 година под името "Викторија", подоцна сменето во Победа
Јуниор. Сепак, тие не се сметаат за наследници на оригиналната Победа, и
резултатите на двата клуба се запишуваат посебно од ФФМ. Но, откако казната
помина, Победа експресно се врати од Третата до Првата македонска фудбалска
лига.
No comments:
Post a Comment