Прилеп-Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот.
Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги „прилепувале“ своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво наслелба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп.
Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како „прилебно место“ (место каде што се прави леб). Според самиот Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка кои се дел од руската антропонимија.

Слоновата Глава-дека природата изработува исклучителни дела доказ е атрактивната карпа на слонова глава, создадена од две природно споени карпи во археолошкиот комплекс Маркови кули. Познатиот истражувач Роберт Рипли го претставил како мало чудо на природата. Камениот слон, кој на некои им личел и на штрк, е висок околу осум метри и поставен на карпест постамент во подножјето на кулите. Од слонот, Прилеп се гледа како на дланка. Тоа упатува на можноста дека жителите од древните населби Варош и Маркови кули биле активно вклучени во духовниот и материјален живот врзан за слонот. Заедно со околните гробови во карпестите површини, може да се заклучи дека тој простор и слонот биле култно место за повеќе ритуали. На повисокиот дел од карпата се препознава издлабена камара во која сè уште се видливи остатоци од фрескоживопис. За жал, не може да се открие кој е светецот на фреската, бидејќи е сериозно оштетена. Луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат. Најраширено е преданието дека слонот бил ослободување од јаловост. Штири жени се вртеле околу слонот со свеќи в раце во ноќите меѓу петок и сабота за да ги смилуваат вишите сили да им дадат челад. Сочувана е приказната од некој варошки бербер со прекар Богомилецот дека околината на слонот била вртилиште на Богомилите, бидејќи во Варош било развиено богомилството. Затоа, населбата Варош потоа прераснала во христијански центар со 77 храмови. Богомилецот дури го споменувал и присуството на дедо Богомил на простори околу слонот. Легенда оди дотаму што зборува дека Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.
No comments:
Post a Comment